Кои познати парови не биле прифатени од нивните родители

0

 

Многу често ќе слушнете дека родителите не ги прифаќаат избраниците на нивните сакани деца. Еве неколку примери на познати парови чии родители од почеток биле против нивната свадба, но на крај нивната љубов ги победила сите препреки.

  1. Бред Пит и Анџелина Џоли

Родителите на Бред Пит уште од самиот почеток биле против неговиот брак со Анџелина. Бред Пит потекнува од многу религиозно семејство. Поради тоа, Вилијам и Џејн Пит не биле задоволни од физичкиот изглед на Анџелина Џоли (која тогаш имаше вкупно 20 тетоважи) и нејзините феминистички ставови.

Тие многу подобро го одобрија првиот брак на Бред со актерката Џенифер Анистон. Според нив, оваа русокоса американска убавица и нивниот русокос убавец биле совршен пар. Мајката на актерот беше сериозно разочарана, кога дозна за нивниот развод. За разлика од разводот со Анџелина Џоли во 2016 година, кога веројатно не била многу вознемирена.

  1. Кети Пери и Расел Бренд

Љубовта помеѓу британскиот комичар и актер Расел Бренд и американската ѕвезда Кети Пери се роди во 2010 година на „МТВ“ (Видео Музички Награди).  Бренд во едно од своите интервјуа изјави дека спиел со 2.000 жени во целиот свој живот, а со 80 жени во само еден месец. Поради тоа, родителите беа против нивниот брак и сметаа дека избраникот на нивната ќерка е многу злобен, променлив и дрзок. Зачудувачки, но вистинито, на крај овој брак се распадна заради „променливата“ Кети Пери, која што најде нови занимации – забава и алкохол.

  1. Мајкл Џексон и Лиза Мари Присли

Мајкл Џексон и ќерката на Елвис Присли – Лиза Мари се венчаа во 1994 година. За 26-годишното девојче, ова беше веќе втора венчавка. Нејзината мајка, Прискила Присли беше против овој брак. Таа тврдеше дека Мајкл го користи името на нејзиниот маж Елвис. Бракот траеше само две години и тие се разведоа во 1996 година. Подоцна, Лиса Мари во популарната телевизиска емисија „Опра“ изјави дека бракот се распаднал поради тоа што многу луѓе се мешале во него, но таа сепак продолжила уште долги години да го сака Мајкл.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com