Кои пијалоци се конзумираат најчесто во светот?!

0

 

  1. ЧАЈ

Првото место го зазема чајот, како најшироко конзумиран пијалок во светот. Чајот е ароматичен напиток, кој најчесто се подготвува со истурање на врела вода над лисјата на одреден тип на чај.

  1. КАФЕ

Кафето е пијалок направен од печени кафени зрна, кои се всушност семиња. Кафето го консумираат над 85 проценти од возрасните, според последните истражувања.

  1. ПИВО

Пивото е третиот најконзумиран пијалок, веднаш по водата и чајот и веројатно е еден од најстарите алкохолни пијалаци. Пивото во себе содржи вода, скроб, хмељ и квасец.

  1. СУПА

Супата најчесто се состои од вода и други состојки како зеленчук и месо. Има пилешка супа, супа од говедско месо, супа од домати, супа од зеленчук и многу други видови со различни вкусови. Денес, со сите здравствени проблеми во однос на телесната тежина, многу луѓе би ја одбрале супата наместо премногу калоричните оброци. Супата е секако најмногу консумиран пијалок, односно храна кога сте болни или веројатно на диета.

  1. ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК

Енергетскиот пијалок е вид на пијалак, кој содржи психоактивни состојки, претежно кофеин, кој се продава како додаток за обезбедување физичка и ментална сила. Енергетскиот пијалок обично содржи газирана вода, засладувач и природна или вештачка арома. Има многу негативни истражувања за енергетските пијалоци. но многу од креаторите на енергетски пијалаци ги демантираат овие тврдења и ја зацврстуваат потрошувачката на овие пијалоци.

  1. ВОДКА

Водката е вид на пијалок составен од вода и етанол. Постојат различни вкусови на вотка, како што се јаболкото и јагодата, што ja прави попривлечна за помладите конзумирачи на алкохол. Водката се смета за најдоминантна во источна Европа, а потоа и во САД.

  1. ВИНО

Виното е алкохолен пијалок направен од ферментирано грозје. Различни видови на вина се трошат низ целиот свет секој ден. Секоја година се одбележува годишен настан за дегустација на вино скоро во секој град во светот, каде што илјадници луѓе доаѓаат и ги тестираат различните вина за да го тестираат квалитетот и вкусот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com