Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кои европски држави имаат најдобро пиво

0

 

Од Средоземно Море до арктичкиот круг, љубители на пиво може да се најдат насекаде низ светот. Ако сте вие еден од нив, направивме за Вас, листа од  топ  5 европски држави каде што може да го вкусите најубавото пиво.

  1. Ирска

Покрај тоа што Ирска е препознатлива по својата убава природа, не смее да се пропушти фактот дека токму таа поседува најубаво пиво во светот. Доколку некогаш патувате во оваа прекрасна земја, ви препорачуваме да ги вкусите следните видови пиво:

  • „Murphy’s Irish Stout “ – мазно,освежувачко и слатко пиво.
  • „O’Hara’s Irish Wheat“ – лесно, питко, направено од овошје како банана, праска и слива со ирскиот традиционален хмељ.
  • „Smithwick’s Irish Ale“ – пиво со уникатен вкус, благодарение на мешавината од слатки ароматични плодови, слад, кафе и јачмен.
  • „Beamish Irish Stout Harp Lager“ – го доловува, традиционалниот жесток ирски вкус.
  • „Guinness Draught“ –е најпопуларно пиво во Ирска. Има силен, темен и задоволувачки вкус со освежувачка арома.

 

  1. Белгија

Белгија е држава која има најголем број на оригинални стилови пиво во светот. Тука се набројани неколку видови белгиски пива, кои што мора да ги пробате:

  • „White Belgian Beer“ – пиво кое содржи коријандер и кори од портокал кои што му даваат зачинета и цитрусна арома.
  • „Saison“ – има овошна арома од банана, лимон и портокал. Вкусот на пивото е зачинет и горчлив, иако не е сладок, има вкус на слад за да ги балансира другите вкусови.
  • „Dubbel“ – има црвено до темно-кафена боја на изгорен шеќер, суво грозје или чоколадо-карамел.
  • „Tripel“ – го добило своето име од три пати поголемата количина на жито која што се содржи во него. Мешавината од овошна арома и вкус, во комбинација со ниско до умерена горчина, му дава на пивото многу специфичен вкус.

 

  1. Германија

Германското пиво повеќе од 500 години е приготвено во согласност со законот, користејќи ги четирите состојки – вода, јачмен, хмељ и квасец. Пивото во Германија е соодветно за секоја прилика, без разлика дали станува збор за забава или формален состанок, тоа секогаш е прв избор.  Еве неколку предлози, од многуте видови на пиво во Германија:

  • „Kölsch“ – има светло златна боја и малку горчлив вкус.
  • „Hefeweizen“ – има бледа и малку златна боја и посебна германска арома.
  • „Doppelbock“ – е многу богато пиво со голема количина на карамелизиран шеќер и темна боја. Повеќето видови имаат чоколаден или овошен вкус.

 

  1. Холандија

Многу холандски пива се подготвуваат според антички рецепти и се произведуваат во Холандија веќе со векови. Најпознати холандски пива се:

  1. „Heineken“ – ја стави оваа мала земја на картата за пиво и останува еден од најизвезуваните брендови пиво.
  2. „Grolsch“ – многу луѓе имаат различно мислење за ова пиво. На некои им се допаѓа неговиот освежувачки, но горчлив вкус.

 

  1. Чешка

Тука можете да најдете различни стилови на пиво од темни, горки, слатки, овошни и многу други.

  • „Anon“ – е сладок лагер со овошен хмељ, малку лимон и горчлив вкус.
  • „Budweiser“ – содржи грозје и хербален вкус од хмељ.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com