Кога ќе ти се погоди песната…

0

„Знаевме дека ќе има многу песни, но не се надевавме дека ќе биде срушен рекордот, кој до нашата свадба го имаа младенците од нашиот крај“, изјавија младите хрватски земјоделци Кристијан и Илинка Гојмерац.

Повод за ваквата реакција е рекордот што го поставија нивните роднини и пријатели, кои во текот на цели пет дена нарачувале песни за нив на Радио Вировитица. Имало 810 песни од вторник на пладне до петок вечер на полноќ  кои постојано се пуштале во нивна чест. Песна која најмногу била пуштана е „Таман је“ од Халид Бешлиќ.

Стрината Бранка Гојмерац, заедно со својата ќерка Маријана и нејзиниот син Јосиф, ги засени сите што честитаа, бидејќи само таа платила дури 94 песни! Бранка вели дека очекува, кога ќе се мажи ќерка  и и жени син и, ќе има уште повеќе песни, бидејќи тоа е во нивниот крај обичај.

Цена на една песна по желба е две евра, што веројатно беше дополнителен стимул нарачателите на песни да се препуштат на рушење рекорди.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com