Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кога е време за промена?

0

Многу често ни се случува да се запрашаме, дали парчето облека што сме го носеле дента, треба да го ставиме за перење или пак може да го облечеме уште неколку пати.
Поради овој секојдневен проблем, ние одлучивме да составиме листа, која може да ви помогне доколку се двоумите дали тоа што го носите, треба да се пере или не.

1. Немојте по два пати да носите долен веш
Сите ќе се согласат со нас дека долната облека мора да се испере после првото носење. Тоа е главно правило за лична хигиена.

2. Фармерки после 5-6 носење
Редовна тема на разговор е колку често треба да ги носите вашите фармерки, пред да ги исперете. Не треба да инсистирате и да ги перете секој ден, поради тоа што така ги уништувате фармерки и тие ја губат бојата.

3. Фустани после две носења
Нема потреба да ги перете фустаните по секое носење, бидејќи тоа може да ја уништи нивната ткаенина и боја.

4. Градник после 3-4 носење
Во споредба со долна облека, градникот нема потреба да го перете секој ден, можете да го користите до 4 пати.

5. Спортска облека после секое носење
Не бидете мрзеливи – исперете ја својата спортска после секое носење во спортската сала. Не е важно колку долго трениранирате, вашето тело постојано излачува пот и допирате различни машини и уреди.

6. Пижами после 3-4 носења
Лошиот мирис на валкани пижами, може да предизвика непријатни соништа и да се чувствувате уморно следниот ден. Поради тоа, најдобро е секој ден да се туширате пред спиење, а пижамите да ги менувате после четвртото користење.

7. Чевли кога ќе се извалкаат
Чевлите се чистат само кога се валкани, но бидете претпазливи кога ќе го правите тоа, многу лесно може да ги уништите.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com