Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Клои Кардашијан си ја носи ќерката во Хермес ташна од 50.000 долари

0

Бебето на Клое Кардашијан, Тру Томпсон, има само седум месеци и веќе е запознаена со светот на луксузни чанти. Клои на својот Инстаграм профил сподели фотографија од девојчето, кое седешe во Хермес торбата на нејзината позната мајка, додека среќно си играше со каишот. Таа го напиша следниот опис: „Ништо не може да ја промени оваа љубов“. Нејзината слатка ќеркичка изгледа воодушевено, што се гледа по нејзината симпатична насмевка.

Да напоменеме дека чантата во која таа седи има цена која се движи од 12.000 долари до повеќе од 200.000 долари. Онаа која Клои ја поседува е од вистинска крокодилска кожа која се продава за повеќе од 50 илјади долари. И покрај тоа што конкретнава Биркин чанта не е торба за пелени, сепак таа е омилена кај славните мајки и беше инспирирана од една. Идејата му пристигна на Жан-Луј Дима кога седеше покрај актерката Џејн Биркин во авион. Тој забележа дека во тоа време на младата мајка и била потребна голема торба за да ги носи шишињата на нејзината ќерка, па така торбата била воведена во 1984 година. Жан-Луј дизајнирал „длабок и еластичен чувар“ кој се претворил во популарен додаток за мајки кои го носат со себе скоро целото свое домаќинство, или барем така се чини.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com