Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Клеопатра – една богата животна приказна

0

 

Беше машко, а потоа стана атрактивна жена и треш икона на 90-тите! Меѓу првите во поранешна Југославија направи операција на полот. Душица Илиќ е една од првите личности кои признаа дека направиле промена на полот, но подоцна веќе не сакаше да зборува за тоа.

Самата се нарече Клеопатра и во деведесеттите години во Србија беше најопопуларна гатачка, имаше телевизиски емисии и преку телефон ја гаташе судбината, подигрувајќи се на некој начин со сето она во што луѓето се во состојба да веруваат. После тоа, потполно се повлече од јавниот живот.

Родена како Душан, своевремено откри дека со тешка мака собирала пари за операција на промената на полот во далечната 1985 година.

Српските медиуми се потсетуваат на неа деновиве и опишуваат дека по повлекувањето од јавноста се отселила во Босна и Херцеговина каде што живее и денес.

Очигледно ја немаат информацијата дека таа и денес продолжува да гата, но очигледно само на некоја од македонските телевизии.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com