Кијану Ривс е најголемиот холивудски добротвор

0

Кијану Ривс го нарекуваат и најголемиот добротвор на Холивуд. Овој шармантен глумец со години во тајност финансирал повеќе детски болници. Инаку, тој во јавноста е познат како најскромната и најљубезната филмска ѕвезда, а сите кои имале можност да работат со него ги истакнуваат неговата искреност, великодушност и љубезност.

Публиката 53-годишниот актер го памети по улогите во филмовите: „Матрикс“, „Брзина“ и „Џон Вик“. Но тој никогаш не се фали со своите успеси и со славата. Затоа никој не беше зачуден кога неодамна беше откриено дека Ривс десетина години преку својата добротворна организација, освен што им помага на болните деца, вложува средства и во организациите за истражување на ракот.

Во почетокот на 1990-тите години, на помладата сестра на Кијану ѝ беше дијагностицирана леукемија. Тој беше нејзин главен старател, а таа се бореше со тешката болест цели 10 години. Во текот на нејзината борба Ривс ја основа фондацијата во нејзина чест и почна да донира за други хуманитарни организации, но стриктно забрани неговото име да се споменува во јавноста.

Исто така, Кијану Ривс учествува и во други проекти, чија цел е собирање средства за болните од рак.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com