Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Киното доаѓа во вашето село

0

Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран, 2018“, Центарот за креативни индустрии – Небо, во периодот од 2 до 6 октомври ќе го реализира проектот „Кино под звездите“.

Станува збор за  проекција на филмовите: „Најдолгиот пат“ по сценарио на Петре М. Андреевски, а во режија на Бранко Гапо, базиран врз вистински настани од почетокот на XX век објавени во зборникот на Петре М. Андреевски насловен „Темни кажувања“ и „Војната заврши“ на режисерот Митко Панов, филмот е на албански јазик и раскажува приказна за едно албанско семејство кое на прагот на српско – косовската војна е во дилема дали за остане во воената зона или да бара азил во Швајцарија.

Целта на патувачкото кино е да ја доближи до публиката македонската филмска продукција како и да им понуди на локалното население едновечерно филмско остварување во нивните села. „Најдолгиот пат“ ќе биде прикажан во селата: Суводол, Вардино и Прибилци, додека „Војната заврши“ ќе биде прикажан во село Обедник.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com