Кинотека одбележува 60 години од премиерата на „Мис Стон“

0

Кинотеката на Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. Мотото под кое годинава во светски рамки се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани, е „Твојата приказна во движење“.
Кинотеката ќе ја промовира својата нова веб-страница и новиот број од списанието „Кинопис“, а ќе се одржи и отварање на изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60-годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ во режија на Жика Митровиќ.
Одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го започна УНЕСКО, а понатаму тоа беше прифатено и преземено и од меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви и музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com