Киднапираниот танзаниски милијардер веќе се врати дома

0

Најмладиот африкански милијардер, кој беше грабнат пред една недела пред луксузен хотел во Танзанија, се вратил дома. Мохамед Девџи (43) кој е главен извршен директор на конгломератот МЕТЛ груп бил киднапиран кога стигнал на утрински фитнес тренинг во престолнината на Танзанија, Дар Ес Салам.

Неговото богатство, според „Форбс“ се проценува на 1,5 милијарди долари, што го става на 17 место во Африка и е најмладиот африкански милијардер.

„Безбедно си дојдов дома“, напиша тој на Твитер профилот на компанијата, без да дава повеќе поединости за тоа како бил ослободен.

Девџи исто така им се заблагодари на сите кои вложија напори за негово ослободување, вклучително и полицијата.

Претходно, неговото семејство понуди награда од 440.000 долари за информација која би можела да помогне за негово ослободување.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com