Киану Ривс уловен со мистериозна придружничка

0

Иако е зафатен со новото продолжение на франшизата за Џон Вик, Киану Ривс најде време за излегување со мистериозна жена, а од љубопитните погледи се обидел да се скрие со капа со долг обод.

За идната година веќе има најавено шест проекти, па 54-годишниот актер нема баш многу време за живот надвор од филмските сетови. Сепак, Киану Ривс е уловен во вечерно излегување со мистериозна женска пријателка на Беверли Хилс, но, таинствен во врска со својот приватен живот, не сакаше да открие дали се работи за нова љубов. Добро расположениот пар не се грижеше премногу за папараците, иако холивудскиот актер, најпознат по улогата на Ноа од филмот „Матрикс“, и како Џон Вик од истоимената франшиза на која тековно работи, се обидуваше да се скрие под капа со долг обод.

Киану последните неколку години беше поврзан со различни жени, но никогаш не потврдил дека нашол нова љубов. Неговата најголема љубов беше актерката Џенифер Сајм, во која се вљуби во 1998 година. Се чинеше како и на приватен план да му тргна, откако постигна светска слава со „Матрикс“, но Џенифер и тој го загубија своето дете што веднаш ги оддалечи. Џенифер, освен што се лекуваше од депресија, се навлече на пороци и година и пол подоцна почина во тешка сообраќајна несреќа, враќајќи се од  забава на Мерилин Менсон. Киану по нејзината смрт беше целосно срушен и ги одложи сите снимања.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com