Кејти Пери и го украде тронот на Бијонсе

0

Магазинот „Форбс“ објави листа на првите 10 најплатени пејачки за 2018 година, и на прво место, по три години, Кети Пери се врати и ја „бутна“ Бијонсе од тронот.

Според Форбс, Кети Пери (34) заработи 83 милиони долари оваа година, или нешто повеќе од еден милион долари по секоја изведба. Покрај тоа, таа, наводно, била платена 20 милиони долари за нејзината улога како судија во „Американски идол“.

Благодарение на фактот дека нејзиниот албум „Reputation“ беше продаден во два милиони примероци уште во првите седум дена од неговото пуштање, Тејлор Свифт, по проценката на „Форбс“ оваа година има заработка од околу 80 милиони долари. „Форбс“ напоменува дека Свифт лесно можеше да стигне до врвот на листата, но дека нејзината турнеја била закажана пред пресметковниот период за тековната година.

На третото место е Бијонсе, која оваа година го издаде првиот албум со нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи. Таа заработи 60 милиони долари оваа година.

„Вреди да се биде Пинк“, наведува „Фобрс“, додавајќи дека оваа позната пејачка заработила 52 милиони долари во 2018 година.

Со 66 настапи, филмот „Ѕвездата е родена“ и договорите со „Версаче“ и „MАС“, Лејди Гага заработи 50 милиони долари оваа година.

Џенифер Лопез, која заработи 47 милиони долари, е на шестото место на најплатени пејачки.

Светската ѕвезда од Барбадос, Ријана, заработи 37,5 милиони долари, иако таа не била на турнеја од 2016 година. „Форбс“ наведува дека Ријана ги заработила своите приходи од козметика и обувки за жени, како и за улогата во филмот „Океановите  8“.

Хелена Фишер е побогата за 32 милиони долари по, според „Форбс“, феноменалната турнеја каде што заработила повеќе од еден милион долари по изведба.

Преземајќи над половина милион долари вечер во Лас Вегас и речиси двојно повеќе од арените во Европа, Селин Дион лесно се искачи на бројка од 31 милион долари, колку што заработи оваа година.

На крајот, 10-то место со 30 милиони долари е Бритни Спирс.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com