Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кети Холмс е верена?

0

 

Кети Холмс беше фотографирана во Њу Орлеанс, носејќи блескав дијамантски прстен на „тој“ прст, но тоа не е она што мислите.

39-годишната актерка веќе подолго од четири години е романтично поврзана со Џејми Фокс, иако никогаш не ја потврдија врската. Тие предизвикаа гласини за веридба неколку пати во услови на нивната не-толку тајна романса и го сторија тоа повторно со нејзиниот нов прстен. Но, се покажа дека тој е само за нејзината улога во новиот филм „Тајниот филм“.

„Кејти не е верена за никого освен за нејзиниот измислен филмски свршеник, кој го глуми Џери О’Конел“, изјавил нејзин близок.

Фокс исто така беше забележан во Њу Орлеанс во последниве недели, бидејќи и тој снима филм.

Холмс и Фокс (50), прво предизвикаа романтични гласини во 2013 година, кога беа забележани како танцуваат за време на еден хуманитарен настан, околу една година откако актерката го финализира нејзиниот развод од Том Круз.

Во 2017 година, двајцата беа фотографирани држејќи се за раце за време на прошетка на плажа. Таа година, Холмс, исто така, присуствуваше на 50-тиот роденден на Фокс.

Близок пријател на Холмс кажал и дека тие се многу среќни, но нема да зборуваат во јавност за нивната врска, бидејќи си ја ценат приватноста.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com