Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кери Бредшо и Рејчел Грин се „виновниците“ за тековниот есенски моден тренд

0

 

Кога се прикажува и најмала можност за враќање на некој тренд од деведесеттите години, трендсетерките со нетрпение ја прифаќаат, а неговата популарност е загарантирана веднаш штом трендот е поврзан со некоја од култните серии од тој период.

Несомнено е дека сериите „Сексот и градот“ и „Пријатели“ го означиле целиот период, но нивното влијание е сѐ уште видливо и денес. Со враќањето на деведесеттите години во фокусот на модната индустрија, која последниве сезони наоѓа инспирација во парчиња кои што мислевме дека никогаш нема да се вратат, често се враќаат трендови кои ги обожаваа некои од нашите омилени ликови.

Овој пат на „мета“ се најдоа кожните јакни: изминатата деценија, не можевме да ги избегнеме моторџиските јакни, кои на секој изглед му додаваа рокенрол момент, но оваа сезона очекуваме пресврт. Се враќа моделот на кожна јакна кој девојките од серијата „Сексот и градот“ го обожаваа, а особено ликот на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), а многу ги носеше и омилената „пријателка“ Рејчел Грин (Џенифер Анистон). Тие се оверсајзд  јакни со нагласена јака, а наместо патент, за закопчување се користат копчиња.

Покласичното кожно парче модните блогерки најчесто го носат во комбинација со други кожни парчиња, а тајната е во комбинација на облеката во различни нијанси. За изглед инспириран од седумдесеттите синхронизирате различни тонови на кафена, но ако кожа не ви е баш чест материјал во плакарот, оверзајзд јакните совршено одговараат да се договорат и со основните парчиња, како што се бела кошула и фармерки.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com