Келнер по грешка на гостин му послужил вино од 4.500 фунти

0

 

Среќен гостин во Манчестер не нарачал, но по грешка добил вино од кое едно шише чини 4.500 фунти.

Ресторанот ,,Хаксмор Манчестер” на Твитер објави како се надева дека гостинот уживал во вечерата, откако келнерот по грешка му послужил шише од виното Chateau le Pin Pomerol од 2001 година.

Ресторанот му ја простил грешката на келнерот со објаснување дека е можно да се случат такви грешки, а на гостинот му порачале дека ,,сепак го сакаат”. На социјалните мрежи ресторанот доби пофалби поради тоа што не го казниле келнерот.

Според винските експерти, од ова вино се произведени само 500 картони, вино во кое бил вложен голем напор и има виолетово – црвена боја. Не е познато каква цена платил гостинот откако го испил шишето од скапото вино.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com