Кекин и Бајага им одговорија со спот на оние што забрануваа настап (ВИДЕО)

0

Популарниот хрватски музичар Миле Кекин пред една недела го објави својот соло албум „Куќа без покрив“, на кој се наоѓа и песната „Атлантида“, што ја сними со Момчило Бајагиќ Бајага.
Иако е објавена пред неколку дена, песната веднаш доби и спот.
Групата Хладно пиво, што ја предводи Кекин и српскиот музичар се зближија летоска, откако настапот на Бајага на Деновите на пивото откажан поради притисокот на бранителите од Карловац, па наместо него беше најавено гостувањето на Хладно пиво. Момците од групата кога дознале за ненадејниот настап веднаш порачаа дека немаат намера да настапат.
Тогаш момците од групата напишаа: „Бидејќи имаше прашања за нашиот наводен настап во Карловац на Деновите на пивото на 3 септември, за што дури се распишаа и некои медиуми, решивме да ги разбиеме дилемите и трилемите околу тоа – Ќе дојдеме можеби да испиеме пиво, но нема да свириме зашто не сакаме да бидеме ничија замена. Драги Карловчани, се гледаме во некоја друга прилика. Наздравје“, напишаа Хладно пиво на својот службен профил на фејсбук, придружувано со песната на Бајага и инструктори „Ова е Балкан“.
Набргу потоа додадоа дека би можеле да соработуваат со Бајага, а нивните обожаватели за помалку од два месеци ја добија заедничката песна на соло албумот на Кекин.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com