Кајли Џенер и Травис Скот одлучија да бидат строги родители

0

Ќерката на Кајли Џенер и Травис Скот, Сторми, нема да остане „Во чекор со Кардашијанови“. Раперот откри дека тој и девојката Кајли Џенер нема да му дозволуваат на нивното мало девојче да гледа телевизија.

„Денешните деца се на iPad. Има толку многу технологија, тие повеќе не играат надвор. За Сторми- нема телевизија!“, изјави Скот (26). Тој и Кајли ја зачнаа Сторми во февруари, по само три недели од нивното запознавање. „Ние се чувствувавме како: Ова е нешто посебно. И децата се нешто за што зборувавме уште на почетокот. Прво си мислев: Ми треба син. Кога дознавме дека е девојче, јас бев како: Ухх.. Но, по некое време помислив: Еј, ова може да биде најдоброто нешто што се случило. И кога Сторми се роди, јас бев пресреќен“.

Сите стравови на Скот за првпат исчезнаа веднаш штом Сторми беше ставена во неговите раце. „На почетокот бев уплашен, бидејќи и двајцата сме млади“, изјавува тој. „Но, знаете, кога за прв пат држите бебе во рацете, тоа е неконтролирано. Никогаш не помислив дека би можел да сакам нешто толку многу. Лудо е“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com