Кафето предизвикува рак – само ако се пие многу жешко

0

Нема доволни докази дека пиењето кафе предизвикува рак, објави агенцијата за рак на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ублажувајќи ги своите претходни предупредувања, но и додава дека секој „многу жежок“ пијалак е веројатно канцероген, наведено е во кусиот преглед на студијата објавен во списанието Lacet Oncology.

Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) при СЗО претходно предупредуваше на кафето како „можно канцерогено“, но го промени мислењето. Во средата нејзините експерти рекоа дека според последните истражувања „нема доволни докази за канцерогениот ефект“.

„Класификацијата не го покажува како сигурно безбедно, но има помалку причини за загриженост денес отколку претходно“, вели Дана Лумис, заменик шеф на IARC.

Кафето содржи околу сто различни хемиски супстанции, а истражувањето во овој момент е доволно за да се утврди дали овие забелешки може да му се припишат на кофеинот, додава Лумис. Одредени студии покажале дека консумирањето кафе нема влијание при појавата на заболувања на панкреасот, или ракот на дојката и простатата. Сепак, за дваесетина други видови рак, доказите биле неубедливи.

Меѓутоа, истовремено се наведува дека другите научни докази сугерираат оти пиењето на кој и да е друг жежок пијалак, околу 65 Целзиусови степени и повеќе, вклучително и водата, чајот и другите напивки, веројатно предизвикуваат рак на хранопроводот.

„Генерално, пиењето кафе е оценето како некласифицирано во смисла на неговата канцерогеност за луѓето“, се вели во извештајот, кој го подготвиле 23 научници на IARC споредувајќи ги податоците за илјада луѓе од 1970-те години.

IARC, чие седиште е во Лион, кој минатата година ширум светот предизвика внимание со заклучокот дека процесуираното месо може да предизвика рак, вели дека нема доволно докази според кои кафето може да биде класифицирано како канцерогено, а ниту како неканцерогено.

Кафето претходно последен пат во IARC беше проучувано во 1991 година и беше класифицирано во групата 2В, заедно со хлороформот, оловото и други материи – веројатно канцерогени за луѓето. Кафето е вброено со 501 друга супстанција во Групата 3, односно некласифицирани за нивната канцерогеност кај луѓето.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com