Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Катица Јанева добива нови, проширени ингеренции

0

Владата предлага СЈО да добие проширени надлежности и неограничен мандат. Со новиот предлог закон се зголемуваат надлежностите на Катица Јанева и нејзината екипа. Освен кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори, специјалното обвинителство ќе може да гони и претставници на највисоките државни органи без за нив да поседува таканаречени бомби. Истовремено, се укинува и рокот за поднесување на обвиненија.

Со предложените измени на членот 11 од Законот, Специјалниот јавен обвинител во иднина ќе може да гони: Кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје, предвидуваат законските измени.

Доколку постојат дела кои се сторени во врска со постапки кои ги води СЈО, ќе се гонат и вооружените сили.  СЈО ќе има надлежност да гони по член од кривичниот законик во врска со давањето  лажен исказ, незаконито влијание на сведоци, како и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com