Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Карди Би со насмевка се предаде на полицијата

0

Во понеделникот, американската раперка Карди Би, излезе од полициската станица со огромна насмевка на лицето. Причина за тоа, било наводно организирање напад врз женските шанкерки во њујоршкиот стриптиз клуб. „Бодак Жолта“, со вистинско име Белкалис Алманзар, облечена во бела блуза и крем здолниште, со смеење и без никаков срам, излезе од локалната станица во Њујорк.

Карди (25) е обвинета за организирање напад врз вработените на стриптиз – клуб во Квинс, откако тврдела дека една од девојките кои работеле таму, спиела со нејзиниот сопруг, раперот Офсет. Раперот кој потекнува од Јужен Бронкс во Њујорк, им наредил на членовите на нејзината придружба, да ги нападнат двете сестри со шишиња и столчиња. Како резултат на тоа, девојките завршиле со повреди и била повикана лекарска помош.

 

Постраданите изјавија дека не се зачудени од ваквото однесување на Карби Би. Во јуни оваа година, кога тие случајно се сретнале во хотел во Атланта, американската пејачка и тогаш ја обвинила Џејди за изневера со нејзиниот сопруг.

Петмина од придружбата на Карди би заедно со неа, со голема омраза во очите, ја нападнаа Џејди, ја кубеа за коса, ја удираа и фрлаа пепелници во неа“ изјави една од нив.

Наводно, ѕвездата ќе биде обвинета за непромислено и нередно однесување, но таа нема да биде во притвор.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com