Канска премиера на „Беше еднаш во Холивуд“

0

Како што беше најавено, новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Кан.

Пред точно 25 години Тарантино исто така промовираше свој филм на Канскиот фестивал и тоа „Евтини приказни“.

„Беше еднаш во Холивуд“ е филм кој привлече најмногу внимание на годинашниот фестивал во Кан. На црвениот тепих продефилираа самиот Квентин Тарантино, но и ѕвездите на филмот Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Марго Роби.

За овој филм е карактеристично тоа што голем дел од сценариото остана во тајност сè до премиерата. Тарантино со овој филм ја доловува холивудската сцена во нејзините златни времиња, во доцните 60-ти. Во „позадина“ на дејството се случува убиството на актерката Шерон Тејт.

Истовремено, ова е последниот проект во кој ќе го гледаме неодамна починатиот Лук Пери. Во другите улоги ги гледаме Леонардо Дикаприо, Бред Пит, Марго Роби, Курт Расел, Дакота Фенинг, Ал Пачино, како и Тим Рот и Мајкл Медсен.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com