Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Канаѓаните ја потрошиле легалната марихуана

0

 

Марихуаната е легализирана во Канада од 17 октомври оваа година и од тогаш се отворија голем број продавници, во кои што секој може слободно да си купи лесна дрога.  Помалку од еден месец како марихуаната е легализирана во Канада, но веќе граѓаните испушија се што легално се продава.

Жител на провинцијата Њуфаундленд, Тревор Тобин, заедно со неговата мајка, ги потрошиле сите нивни заштеди за да отворат продавница, каде што ќе продаваат марихуана. Бизнисот им функционирал само неколку недели, поради тоа што не можеле да се справат со големиот проток на нарачки. Конкурент на Тобин е продавницата „Онтарио Канабис“ која уште од првиот ден од легализација на марихуаната, преработиле околу 100.000 нарачки. Поради големиот број нарачки, марихуаната се потрошила за краток период, а голем број од купувачите ја добиле својата нарачка после две недели.

Полицијата се плаши дека Канаѓаните повторно ќе почнат да набавуваат лесни дроги од дилерите на дрога.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com