Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Камчев донесен во Кривичен суд

0

 

Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со возило беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, објави Алсат. Со тоа се отстранети сите недоумици околу тоа кои се петмината приведени.

СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и за Цветан Панделески.

Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.

Се очекува во текот на ноќта да им биде извршен распит од судија на претходна постапка кој ќе одлучи дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди друга мерка на претпазливост.

Од СЈО денес информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com