Камерите лажат! Овие актери не се поднесуваат во приватен живот

0

Клер Дејнс и Леонардо Ди Каприо- „Ромео и Јулија“

Актерите на најтрагичната љубовна приказна не се поднесувале еден со друг. Поточно, тогашната 16- годишна Клер сметала дека тогаш шест години постариот Леонардо е многу незрел и не и се допаѓала неговата смисла за хумор. Леонардо пак, сметал дека таа е премногу стегната и конзервативна. Интересно е да се спомне дека дури годинава Клер признала дека за време на снимањето и се допаѓал нејзиниот Ромео.

Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс- „Бележникот“

Сцената на дождот дефинитивно не е меѓу нивните омилени. Била толку тензична, што режисерот Ник Касаветес уште во 2014 година открил дека Гослинг сакал да ја отстрани Мекадамс од снимањето и да донесе нова актерка. Глумците го напуштиле студиото со викање и карање. Снимањето по овој настан не било мед и млеко, но исходот беше успешен.

Патрик Свејзи и Џенифер Греј- „Валкан танц“

Свејзи и Греј имаа несогласувања, бидејќи, како што изјавил тој, Џенифер била многу емотивна и плачела при секоја најмала критика упатена кон неа. Некогаш пак, расположението и се менувало во друга крајност, па некои сцени се преснимувале по неколку пати бидејќи таа ќе започнела неконтролирано да се смее.

Иако овие постапки го нервирале, Свејзи во својата автобиографија изјавил дека изведбата на Греј во овој филм е извонредна и не можел да каже ништо негативно за неа.

Дакота Џонсон и Џејми Дорнан – „Педесет нијанси сиво“

Како ѕвезди кои глумат во ваков филм, изненадувачки е фактот дека Анастасија Стил и Кристијан Греј не се согласувале во приватен живот. Или можеби се согласувале?

Многу различни мислења излегоа во јавноста, така што ова го оставаме повеќе на вашата имагинација. Сепак, режисерот на филмот, Сем Тејлор-Џонсон, за односите меѓу нејзините ѕвезди изјавила: “Тоа е само филм. Тоа беше работа. Тие беа добри заедно”.

Анџелина Џоли и Џони Деп – „Туристот“

Овој филм требаше да биде апсолутен хит со оглед на тоа дека ѕвездите кои глумат се многу популарни, но тие ѕвезди очигледно немаа хемија – и тоа се покажа на екраните.

Додека се снимаше „Туристот“, беше објавено дека на Џоли и било преку глава од одбивањето на Деп да ја потстрижи косата за улогата, како и неговото забавување до доцна и лошо однесување, а Деп очигледно сметаше дека Џоли е арогантна.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com