Како стоиме со лекарства?

0

 

Рускиот претседател Владимир Путин по состанокот за проблемите со снабдувањето со лекови, влезе во една од аптеките во градот Пушкин за да се осигура дека потребниот пакет лекови бил достапен по пристапни цени.

Според Интерфакс, шефот на државата, заедно со министерот за здравство на Русија Вероника Скворцова и вршителот на должноста гувернер на Санкт Петербург, Александар Беглов, отиде во аптека Вита-Експрес, на Железничката улица.

Таму, претседателот побара да го види шефот на аптеката со цел да дознае каква е снабденоста и динамиката на испорака на лековите.

Раководителката Олга Новикова рече дека постојано се следи достапноста на лековите од списокот за витално значење, така што тие постојано се присутни на рафтовите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com