Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Како сеќавањата од вашите патувања да траат вечно?

0

Се сеќаваме на нашите патувања и подобро ги памтиме од секојдневните активности – беше резултатот при истражувањето спроведено од авиокомпанијата „Swiss“.

Оваа компанија повикала 30 патници да ги споделат највпечатливите моменти од нивните патувања. Истражувањето беше спроведено од страна на невропсихолог, професор Лук Јанке, кој верува дека спомените од патувањата заземаат значајно место во нашите севкупни сеќавања.

Ова е затоа што ние автоматски ги потиснуваме сеќавањата на секојдневните активности, бидејќи ги има премногу, додека на нашите патувања нашиот ум е ослободен од бројни вообичаени тривијалности и се фокусира на значајни детали и настани. Ова е, меѓу другото, една од причините зошто ние секогаш се чувствуваме подобро кога патуваме, порасположени сме и повесели од вообичаеното.

Фотографиите, звуците, мирисите и вкусовите се предизвикувачи кои брзо можат да ни го вратат сеќавањето на некое патување. Причината е тоа што нашите патни искуства ни се втиснати во умот како мозаик.

Според едно постаро научно истражување, исто така иницирано од страна на „Swiss“, се открило дека дури 65% патници се сеќаваат на нивните патувања преку слики, 53% преку специфична храна и 20% преку посебни мириси.

Благодарение на ова истражување, дознаваме дека секое патување можеме да го направиме незаборавно. Кога патувате, обрнете внимание на слушање, гледање и мирисање на местата во кои се наоѓате. Насочете го вниманието кон деталите. Слушајте ги звуците, апсорбирате мириси од околината- едноставно препуштете се на сетилата. Водете свој дневник за патувања, запишувајте ги своите мисли и набљудувања, и, конечно, испратете си разгледница себеси последниот ден.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com