Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Како секојдневната исхрана влијае на психичкото здравје

0

Голем број продукти кои секојдневно ги конзумираме може да предизвикаат симптоми на анксиозност и напади на паника. Според мислењето на докторите, овие проблеми може да се избегнат со зголемување на протеини во организамот и намалување на количината на шеќер и јаглени хидрати во исхраната.

Често употребување на кафе и чај го зголемува лачењето на адреналин, норадреналин и кортизол во крвта. Тоа предизвикува чувство на нервоза, дури и кај здрави и психички стабилни луѓе. Но, доколку некое лице е по природа наклонето кон анксиозност и беспокојство, прекумерно конзумирање на кафе и чај може да предизвика паничен напад.

Покрај тоа, неодамна британските научници открија дека храната со висок холестерол, заситени масти и јаглехидрати ја зголемува веројатноста за депресија за 40%.

Со ниско ниво на триптофан, производството на серотонин во мозокот се намалува, а тоа предизвикува вознемиреност, депресија, несоница. Следниве продукти го зголемуваат нивото на триптофан и ја намалуваат анксиозноста:

  • јајца
  • риба
  • банана,
  • спанаќ
  • овес, семки од тиква и сусам
  • кисели краставички, кисела зелка
  • зеленчук и овошје
  • ореви
  • ѓумбир
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com