Како Рами Малек успеа да го ископира Фреди Меркјури (ВИДЕО)

0

На интернет се појави видео клип на кој се гледа како Рaми Малек во филмот „Боемска рапсодија“ за Фреди Меркјури, до детали „го симна“ секое движење на фронтменот на групата „Квин“ од антологискиот настап на Лајв Ејд 1985 година.

На паралелните снимки може да се види дека Рами Малек до детали го пресликал секое движење на Фреди.

Малек изјави пред премиерата на филмот дека улогата на Фреди била голема одговорност што ја прифатил со задоволство.

-Не сакате да го имитирате Фреди, сакате да разберете зошто го правел тоа што го правел. Сфатив дека кореографите не можат да ми помогнат, ми беше потребен тренер за движење, изјави Малек, објаснувајќи дека за потребите на филмот го вежбал секое движење, секој гест и секој поглед.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com