Како Одри Хепберн беше секогаш витка без никаква диета?

0

 

Одржувањето на линијата може да биде многу поедноставно отколку што мислите. Прекрасна Одри Хепберн беше една од најпопуларните актерки во Холивуд, ѕвездата на незаборавниот „Појадок кај Тифани“ и модна икона беше висока околу 170 сантиметри, со тежина од околу 49 килограми. Нејзината тежина не се промени многу во текот на нејзиниот живот. Таа беше исклучително тенка, иако никогаш не држеше некоја посебна диета.

Како го направи тоа?

Иако многумина шпекулираа дека неправилно се храни, вистината е далеку од тоа. Поголемиот дел од нејзиниот возрасен живот водеше здрав начин на живот. Таа еднаш изјави дека немала некоја тајна во која лежи нејзината тенка линија.

Нејзиниот син, Лука Доти, рече дека неговата мајка никогаш не била на диета. Всушност, таа навистина сакала италијанска храна и тестенини. Јадела од сè по малку,  но повеќе житарици од месо. И нејзиниот партнер со кого живееше во последните 13 години, Роберт Волдерс, открил неколку детали за нејзините секојдневни навики во исхраната- за појадок таа јадела тост и џем, за ручек телешко, пилешко или тестенини, и за вечера често јадела супа со месо и зеленчук. По вечерата таа јадела неколку коцки темно чоколадо и често пиеле виски.

Покрај тоа, таа редовно вежбала, но ништо екстремно. Волдерс рекол дека тие често пешачеле заедно и дека таа имала повеќе кондиција од него. Нејзиниот режим на вежбање беше балансиран и лесен за изведување.

Одри имала многу здрав метаболизам, а добар метаболизам е клучен за тенка линија.

Одри Хепберн не секогаш имаше здрава тежина, таа всушност помина голем дел од својата младост во борба со глад. Родена е во 1929 година и живеела во Холандија за време на германската окупација. До ослободувањето на Холандија во 1945 година, таа беше болна од жолтица и се хранела многу лошо.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com