Како до успешна дремка?

0

Кофеинот и дремката имаат нешто заедничко. И двете ве тераат да се чувствувате будни и да ги подобрите вашите перформанси, без разлика дали тоа е возење, работа или учење. Но, некои луѓе се убедени дека пиењето кафе пред дремка ви дава дополнителна доза на енергија кога ќе се разбудите.
Во една студија од 1997 година, 12 лица кои не спијат доволно, пиеле една голема чаша сварено кафе, а пет минути подоцна имале можност да дремнат 15 минути. Потоа биле направени некои возни тестови за да ја проверат нивната будност.
Иако пиењето кафе (без дремка) им помогнало на нивните возни перформанси, комбинирањето на кофеинот со дремка (по пиење кафе) уште повеќе го подобрило. Луѓето кои се одморија по пиење кафе беа посконцентрирани на возењето отколку оние кои само пиеле кафе (без одмор), или кои имале малку подолга дремка, но без кафе. Тие што пиеле кафе и имале кратка дремка биле порасонети со часови.
Тое е така бидејќи ефектот на расонување на кофеинот започнува околу 30 минути по пиењето на кафе. Значи, пиењето кафе помалку од 15 минути пред кратката дремка не влијае на дремењето, бидејќи вашето тело сè уште не го доживеало „ударот“ на кофеин. Откако ќе се разбудите од сонот, не само што го доживувате ударот, туку и вашето тело ги чувствува ефектите на кофеинот неколку часа подоцна. Потребно е повеќе време за отстранување на поголеми количества кофеин од телото (на пример, две чаши кафе).
Но, ако погрешно го темпирате пиењето кафе, тоа ќе го загрози вашиот сон и вашата функционалност. Ова може да се случи ако чекате премногу долго откако ќе го пиете кафето пред да го одморите.
Сепак, доволното спиење навечер е подобро решение за будноста, перформансите и продуктивноста. Тоа е затоа што спиењето е од витално значење за голем број функции на мозокот и телото. Ова исто така го намалува ризикот од сообраќајни незгоди, зголемување на телесната тежина, дебелина, дијабетес и депресија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com