Како до перфектен џин тоник?

0

Џин и тоник е омилен освежителен пијалок во кој најдобро уживате со многу мраз и парче лимета.  Но дали е тоа најдобриот начин за сервирање?

Прашањето за тоа како најдобро да се служи џин и тоник стана популарна тема, бидејќи експертите контроверзно тврдат дека овој пијалок треба да се служи без лимон или лимета, спротивно на тоа што многумина веруваат. Според нив, совршен џин и тоник вклучува ѓумбир, нане и дарежлива количина на мраз, послужени во „балон стаклена чаша“. Вклучувањето на лимон или лимета е застарено.

Еве како да направите совршен џин и тоник според експертите, од нивните преферирани гарнири до правилниот сооднос на џин и тоник:

Гарнир

Еден експерт кажува дека додавањето на гарнир базиран на цитрус малку помага за вкусот на џин и тоник. Меѓутоа, другите експерти не се согласуваат со неговата гледна точка: “Густо исечено парче лимон помага да се потенцира вкусот на цитрус кој е веќе присутен во џинот без да ги надвладее другите вкусови”.

Ако сакате да експериментирате, можете да додадете листови од нане, кои додаваат летна свежина на вашиот пијалок. Ова го подобрува вкусот даден од избраниот цитрус, поради концентрираните масла. Изборот на гарнир треба да зависи од типот на џин што се користи.

Мраз

Препорачливо е користење на многу мраз кога се прави џин и тоник, бидејќи мразот наводно се топи со побавна стапка кога има го има во поголема количина во чашата и на тој начин го одржува пијалокот убав и ладен. Нашиот прв совет за создавање на убаво избалансиран џин и тоник е мраз, во голема количина: колку е постуден пијалокот, толку има помалку разредување, а повеќе вкус.  Кога правите џин и тоник треба да ја наполните чашата со големи, свежо замрзнати коцки мраз пред да се подготви гарнирот.

Тоник

Изборот на вистинскиот тоник кој ќе го вклучите е од најголема важност. Ако три четвртини од вашиот пијалок е тоник, треба да го изберете најдобриот.

Идеалната пропорција за совршен џин и тоник е еден дел џин и два дела тоник.

Сеопфатни чекори за тоа како да се подготви освежителен џин и тоник:

Додајте 50 милилитри од избраниот џин на мразот и добар тоник – меури се клучот за совршен вкус на џин и тоник.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com