Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Како да создадете пријатна новогодишна атмосфера во вашиот дом

0

Професионалните декоратори ќе ви раскажат како најдобро да ја украсите трпезата за Нова Година, за на гостите долго време да им остане во сеќавање новогодишната ноќ во вашиот дом.

  1. Играјте на контрасти

Ако 2018 година помина под покровителство на пастелните тонови, тогаш во новата година фокусот се префрлува на светли и длабоки бои. Според американскиот институтот „Пантоне“, за 2019 година се очекува да преовладуваат нијанси на црвена, портокалова и розова боја.

За да се создаде баланс, доволни се две или три основни бои, плус да додадете некои светли акценти. Жолта и бела, прашкаста и небесно сина, розова и сива – многу комбинации кои може да се искористат.  Фантазирајте!

  1. Додадете леден, зимски сјај

Во зима, се разбира, сакате во вашиот дома да почувствувате удобност и топлина. Но никој не ја забранува естетиката на ледените замоци. Поканете ги вашите гости во кралството на „Ледената кралица“ и создадете зимска бајка во вашиот дом!

Доколку се одлучите да го направите ова, користете ладни нијанси: бела, сребрена, светло розева, виолетова, светло сина, сина, смарагд. Зимски ефект создаваат и метални делови, неонско светло, блескави и сјајни површини.

  1. Направете зимска атмосфера

Свеќи во секоја соба се симбол на домот и асоцираат на нешто пријатно и топло. Ако имате камин, не заборавајте на новогодишната ноќ да направите оган во него. Така ќе уживате во пријатна новогодишна атмосфера, исполнета со енергија на живот.

Ако немате камин, поставете свеќи во секоја соба, на новогодишната трпеза и на различни полици во куќата.

  1. Користете природни материјали

Многу симпатично би изгледало, доколку додадете некој цвет или пак растение. Во овој поглед, безбедно и секогаш се од корист цвеќињата како поинсетија, имела, амарилис, холи или живи иглолисни гранки.

При сервирање на новогодишната трпеза, вие сте одговорни не само за визуелната естетика, туку и за апетитот на гостите и нивното расположение. Вклучете ја вашата фантазијата, инспирирајте се и креирајте нешто ново и интересно!

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com