Како да нацртате цртеж исто како на Ванг Гог

0

 

Доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со нешто поразлично за нивниот роденден, направете некој подарок со свои раце. Подароците кои се направени со свои раце се запаметени засекогаш. Сега ќе ви откриеме неколку тајни, како да нацртате цртеж кој ќе изгледа исто како цртежите на Ванг Гог.

Потребно ви е само платно или голем лист хартија, палета, акрилни бои – бела, жолта, црвена, сина и црна, три четки –  широка, тркалезна четка со средна големина и мала тенка четка за цртање мали детали, хартиена или текстилна салфетка, чаша со вода за чистење на четките.

1 чекор

Цртаме со молив или со сива акрилна боја (за да ја добиете таа боја, измешајте бели и црни бои).

2 чекор

Нанесете на четката малку бела и сина боја и нацртајте облаци. За да добиете плавен премин од една во друга боја, најдобро да ги мешате боите на платното, а не во палетата.

3 чекор

Доколку измешате малку жолто со многу сино, ќе добиете темно зелена боја. Нацртајте ги најтемните делови на цртежот со оваа боја.

4 чекор

Во остатокот од темно зелената боја додадете малку жолта боја и нацртајте ја текстурата на дрвјата и тревата. Повторете го тоа два пати, додавајќи уште повеќе жолта боја

5 чекор

Со жолта боја обоете го патот. Потоа, измешајте жолта и црвена боја, на тој начин ќе добиете портоколава боја. Додајте портокалови дамки на патот, за да го направите цртежот пообемен.

 

Со малата четкичка додаваме детали и мали елементи. На крај може да искористите бела и црна боја.

Цртежот е готов!

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com