Како вработените мајки ги инспирираат своите деца

0

Зголемување на бројот на вработени жени има позитивно влијание, како врз развојот на економијата во државата, така и врз целокупната благосостојба на самите жени. И вестите поврзани со оваа тема постојано се подобруваат, особено за многу жени кои ги мачи помислата дека балансирањето на кариерата со семејството може да има негативно влијание врз развојот на нивното дете. Охрабрувачките нови податоци покажуваат дека децата со двајца вработени родители растат поспремни и посилни, отколку нивните колеги.
Студентите од бизнис школата во Харвард, укажуваат на тоа, дека ќерките кои растат со вработени мајки во текот на животот заработуваат дури 23% повеќе, отколку женските деца на мајките домаќинки. Ќерките кои пораснале со вработена мајка имаат тенденција за развој, повисоки плати, повисоки позиции и одговорности.
Но покрај своите женски деца, вработените мајки се исто така пример за своите синови. Со нивна помош, мажите уште од детство, формираат поамбициозно однесување и сопствени ставови. Кога момчињата кои се израснати од страна на вработени мајки се дел од една фирма, тие обично ги поддржуваат жените кои работат во истата фирма и полесно прифаќаат родова рамноправност.
На крајот од денот, одлуката е лична. За сите жени кои ќе одлучат да работат, мора да знаете дека ќе бидете охрабрени од голем број програми за поддршка на родителите и ресурсите што ги нудат работодавачите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com