Каков совет и даде Мишел Обама на Меган Маркл?

0

Поранешната прва дама и војвотката знаат да чуваат тајна! Претходно овој месец, Мишел Обама имаше приватна средба со Меган Маркл по нејзината турнеја во Лондон. Додека средбата беше изненадување за повеќето, дамите ја планираа цело време.

„Да, ние сме навикнати да чуваме тајни“, изјави поранешната прва дама и потврди дека тие си поминале одлично на нивната прва официјална средба. Тие зборуваа за важноста на поддршка и зајакнување на жените во сите култури и заедници. Тие, исто така, разговараа за нивните заеднички искуства од бременоста и одгледувањето на децата, но и нивните заеднички каузи, вклучувајќи образование на девојчиња. Мишел, 54 и Меган 37, живеат заедно со нивните познати сопрузи.

Во едно интервју, сопругата на Барак Обама пред јавноста го сподели советот кој и го даде на војвотката:

-Како мене, Меган веројатно никогаш не сонувала дека ќе има ваков живот. И притисокот што го чувствувате – од себе и од другите – понекогаш може да биде голем. Значи, мојот најголем совет би бил да одвои малку време и за себе и да не се брза да стори ништо. Ја охрабрувам Меган да се фокусира на каузите за кои таа чувствува страст. Она што би рекла е дека има толку многу можности да се направи добро со таква платформа. И мислам дека Меган може да го зголеми нејзиното влијание на другите, како и нејзината сопствена среќа, ако таа прави нешто што таа лично сака да го прави.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com