Каде за наоѓа најбрзиот лифт во светот?

0

Облакодерот “Lotte World Tower“ кој се наоѓа во главниот град на Јужна Кореја, Сеул доби награда за најимпресивна висококатница во светот.

Висината на кулата изнесува 548 метри. Ова е највисоката зграда во Јужна Кореја и петта највисока зграда во светот. Има 123 ката и 42 илјади прозорци.

Облакодерот функционира од април 2017 година, а сто дена по неговото отворање беше посетен од  10 милиони луѓе, што значи дека секој ден го посетувале околу 120 илјади посетители.

Во зградата има канцеларии, продавници, како и најскапи станови во Јужна Кореја. За да се искачите на 121 спрат, од каде што може да добиете прекрасен поглед на цел град,  посетителите можат да ги искористат предностите на најбрзиот лифт во светот. Тој го совладува растојанието од половина километар за само една минута.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com