Кавадаречките пожарникари спречија катастрофа: Се случи како на филм, им аплаудиравме за храброста!

0

Брзата и професионална интервенција на кавадаречките пожарникари утрината околу два часот спречи катастрофа од голем размер, кога во куќа во близина на Основното Училиште Димката Ангелов – Габерот избувнал пожар, објави Фокус.

Се уште се утврдува причината за пожарот, кој според очевидци на местото на настанот започнал да се шири со страотна брзина.

-Огнените пламени се ширеа многу бргу, се се одвиваше како на филм. Куќата се наоѓа на незгодно место, има многу други куќи околу неа, сите кои бевме сведоци на настанот стравувавме дека пожарот може да ги зафати и околните објекти. Луѓето испаничени, ние кои случајно се затекнавме таму не знаевме што да правиме и како да помогнеме – раскажаа очевидци на настанот за ,,Фокус”.

Велат дека кога стигнала противпожарната единица, со нивниот крајно професионален пристап и големи напори, пожарот за кратко време бил локализиран и се избегнало негово проширување наоколу.

-Секоја чест на храбрите момци од противпожарната служба во Кавадарци. Смирени, брзи, професионални, ја ставија ситуацијата под контрола за кратко време. Некои од луѓето дури и им аплаудираа кога се заврши целата работа, заслужија да добијат одликување – велат очевидците.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com