И Мичиген ја легализираше марихуаната

0

 

Во сенка на неодамнешните американски конгресни избори, во Мичиген истиот ден се воведе нов закон за легализирање на рекреативната употреба на марихуаната, што мина речиси незабележано. Сепак, за многумина овој закон е значаен, бидејќи овозможува употреба на марихуана за сите граѓани постари од 21 година и легално поседување на 70,8 грама супстанции.

Со тоа Мичиген се приклучи на деветте други федерални држави и на главниот град Вашингтон, каде што веќе легално може да се конзумира опредена количина на лесна дрога. Според федералните закони на САД, марихуаната сé уште е нелегална.

Новиот закон им овозможува на потрошувачите да купуваат марихуана и производи за збогатување на марихуаната и дома да одгледуваат до 12 растенија. Со воведување на овој нов закон, сојузната држава очекува зголемување на буџетот од околу еден милион долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com