И Блејк Лајвли дојде во Ровињ

0

Филмската ѕвезда Блејк Лајвли вчера дојде во Ровињ, каде што нејзиниот маж Рајан Рејнолдс го снима најновиот филм Hitman’s Wife Bodyguard. Рајан веќе неколку дена е во Хрватска заедно со Семјуел Л. Џексон и Селма Хаек, кои ги играат главните улоги во филмот.

Рајан објави слики со Блејк на „Инстаграм“ и се пофали дека освен што го снима филмот, заедно снимиле и реклама за џинот Aviation што го произведува Рајан.

Рајан и Блејк се запознаа 2010 година на снимањето на филмот Green Lantern. Во тоа време Рајан беше во брак со глумицата Скарлет Јохансон, а Блејк беше во врска со Пен Бадгли, колегата од серијата „Озборувачка“. Една година потоа, кога двајцата беа сингл, се нашле на „двоен состанок“ на кој биле со различни луѓе.

„Таа беше на состанок со друг маж, јас со друга жена. Тоа беше најверојатно најчудниот состанок воопшто, зошто меѓу нас се појави огномет“, рекол Рајан пред неколку години во едно интервју.

Двојката има две деца.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com