И аристократите сакаат да копираат

0

Исто како Кејт Мидлтон пред неа, и Меган Маркл инспирираше илјадници невести со нејзиниот неверојатен венчален фустан.

Но, ретко кој очекуваше уште една војвотка да се венча во фустан сличен на оној на Меган.
Војвотката Софи од Виртемберг се омажи со францускиот аристократ, грофот Максимилиен од Андињ во замокот Тегернзе во Баварија, Германија оваа недела.
24-годишната невеста која потекнува од поранешното кралско семејство на Кралството Виртемберг – изгледаше прекрасно одејќи до олтарот.

Сепак, не можевме да не забележиме дека нејзиниот фустан многу не потсетува на оној што го носеше Меган во мај. Дури и додатоците беа слични, со чипкан вел и елегантна тиара.
И Софи е јасно обожавател на тесниот струк на Меган, избирајќи парче со скоро идентична силуета.
Главната разлика помеѓу изгледот на невестите беше велот на Софи, која додаде сложени детали за да даде повеќе европски изглед.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com