Исклучително ретка камена маска откриена во Израел

0

Маската, која датира од неолитскиот период, била пронајдена од доселеник кој одел по ридовите јужно од Хеброн, на Западниот брег. Во изјавата објавена во средата, израелската агенција за антиквитети потврди дека маската била откриена пред неколку месеци.

„Откривањето маска направена од камен, на толку високо ниво, е многу возбудливо“, објави израелската агенција за антиквитети во изјавата. „Каменот е целосно измазнет и карактеристиките се совршени и симетрични, дури и образите. Има импресивен нос, уста и заби“. Според нив, поради сличноста по големина на човечко лице, маската може да биде поврзана со обожавањето на предците.

Артефактот сега го изучуваат експерти од Израел.

Маската е најновото фасцинантно археолошко откритие во оваа земја. Неодамна непознатата, 1.500-години стара, слика на Христовото лице, неодамна беше откриено во византиска црква во пустината Негев.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com