Иранките конечно влегоа на трибините

0

 

Повеќе стотини Иранки вчера присуствувале на финалниот натпревар на азиската Лига на шампионите меѓу домашниот Персеполис и јапонскиот Кашима Антлерс.

Аналитичарите проценуваат дека овој потег би можел да значи евентуален крај на забраната жени да присуствуваат на фудбалски натпревари во Иран, која е на снага повеќе од 35 години.

Светската фудбалска федерација тесно соработува со Иран на укинување на забраната.

Минатиот месец стотина жени присуствуваа на пријателскиот натпревар меѓу Иран и Боливија, но рестрикциите беа веднаш вратени.

Во март годинава, 35 Иранки беа уапсени бидејќи се обиделе да влезат на мечот меѓу Персеполис и тимот од Техеран, Естеклал.

Од Исламската револуција во 1979 година на Иранките многу ретко им беше дозволувано да следат спортски настани, а на фудбалските натпревари не смеат да присуствуваат од 1981 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com