Инстаграм инфлуенсерка се „лизна“ на Фотошоп

0

Инфлуенсерка доби огромен број критики откако објави многу слики на Инстаграм кои се ужасно „средени“ на Фотошоп од нејзиното патување во Париз. Ние сите знаеме дека Инстаграм е место каде што луѓето објавуваат слики кои покажуваат нереална верзија на нивниот живот, а тоа често вклучува и објавување слики кои се додатно средени и изменети. Ако го правите тоа добро, можете да направите многу пари од тоа.

Вообичаено, шведската инфлуенсерка Јохана Олсон споделува фотографии со прекрасна облека што никој од нас не може да си ја дозволи, на места на кои многу од нас не можат да си дозволат да одат. Со тоа, таа обично воодушевува повеќе од половина милион следбеници и веројатно добива пристоен износ на пари и слободни производи.

Сепак, следбениците на Јохана сега се прашуваат дали таа воопшто некогаш отишла во Париз. Овие промени се толку лоши што таа понекогаш изгледа како само да стоела пред зелен екран. Сериозно, погледнете некои од нив.

На една слика изгледа како да лебди над тротоарот на мостот над реката Сена. На друга, некои работи се чини дека се додадени во … или одземени … добро, тешко е да се каже. Но, едно е сигурно- тоа не изгледа добро.

И покрај сиот потсмев и критики, таа одбива да ги избрише сликите, тврдејќи дека сите ги уредуваат своите фотографии, па нема зошто да се срами. Таа на својот Инстаграм напиша:

-Сакав малку да разговарам за сликите што ги објавив во Париз. Значи, се сликав, и не мислам дека изгледаше толку убаво … па зедов различна позадина и ја ставив позадината во неа. И кога ја објавив сликата, никој не забележа, па си помислив, ова е добро. Значи, признавам дека не ги покажав моите најдобри Фотошоп вештини. Сега во Шведска ова нешто е лудо, а телевизиските емисии сакаат да дојдам и да зборувам за моите „лажни патувања“. Мислам дека е малку смешно. Има многу влијателни луѓе кои користат Фотошоп за птици, виножита или слики од небо и можев да го направам тоа, но не ми се допаѓа. Сакав само да покажам дека сум во Париз, но искористив Фотошоп за позадината, но нема да ги избришам, бидејќи тоа е соработка и тие се убави слики – тоа е добар изглед!

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com