Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Инсајдер ИД со презентација на истражување и стратегиски модел за македонското стопанство

0

Денеска на вториот отворен ден на GS1 на тема “Дигитализација на Македонското стопанство“, што се одржува во хотелот „Александар Палас“ свое излагање имаше генералниот менаџер Сергеј Зафироски од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.
Главната цел на презентацијата на Инсајдер ИД беше претставување на резултатите од истражувањето за тоа колку македонските компании се подготвени за новата ера на дигитализацијата и предлог стратегија како да ја вклучат дигитализацијата во своето работење.
Како и во голем дел од истражувањата и проектите кои компанијата ги работи на македонскиот пазар, повеќе не е прашањето дали дигитализацијата треба да биде вклучена во секојдневното работење, туку до кој степен е оптимално и како една компанија да биде подготвена за целосна дигитализација во следната декада. Во публикацијата “Иднината на малопродажбата во Македонија” голем дел од прелозите се насочени кон тоа да компаниите со многу забрзано темпо ќе бидат приморани за пронаоѓање на начини за унапредување на бизнис моделите, кои во голема мера зависат и од дигиталната подготвеност на компанијата.
Генерално целата индустрија за широка потрошувачка ќе има значајни промени во следната декада. Како и напоменато во самиот труд, со менување на генерациите, локалните потрошувачки навики со сигурност ќе се заменат со светските и со тоа ќе дојде до изедначување помеѓу навиките, а со тоа компаниите без разлика дали работат само локално во Македонија или пак Регионално ќе треба да исполнуваат исти светски стандарди.
Предлог стратегијата (модел) што беше презентирана на настанот е кои чекори е неопходно една компанија да ги преземе во одделни сфери/сектори од работењето за да го започне процесот на дигитализација. Моделот ќе биде изработен за македонските компании во македонски услови бидејќи постојат специфики кои ја ограничуваат употребата на светските модели.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com