Изложба на фотографии „Ти“ на Ана Аврамоска Сиљаноска

0

 

В петок во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, со почеток од 18 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии „ТИ“ на Ана Аврамоска Сиљаноска.

Покрај формалното образование, Ана Аврамоска Сиљаноска уште од мали нозе експериментира со уметничкото изразување низ многу различни медиуми, со посебен акцент на визуелните и наративните.

Зад себе има неколку групни и три самостојни изложби на уметнички фотографии во земјата и во странство. Досега има воспоставено бројни мултидисциплинарни соработки со разни уметници од многу земји во најразлични визуелни формати.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com