Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Излезе од печат книгата „Арно ама“ од Калина Малеска

0

Деновиве од печат излезе книгата „Арно ама“ од Калина Малеска, првата книга за деца од издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, во едицијата насловена „И ете приказна“. За богатиот со илустрации изглед на ова издание, онака како што треба да изгледа секоја книга наменета за најмладите, се погрижија илустраторот Владимир Лукаш и дизајнерката Марија Смилевска.

Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат.

Калина Малеска (1975) е писателка и професорка по книжевност. Нејзини раскази и книжевно-истражувачки текстови се објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство, а расказот „Поинаков вид оружје“ е дел од антологијата Best European Fiction 2018. Искуствата од нејзиното детството и секојдневната комуникација со деца во сегашноста се инспирација за оваа нејзина прва збирка раскази за деца Арно ама.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com