Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Играта Fortnite ги уништува семејствата?

0

Кралската битка Fortnite е уште на врвот на популарноста, но во таа популарност има и недостатоци. Многу парови кажуваат дека оваа игра ги уништила нивните врски, а статистиките кои се направени од порталот „Диворс Онлајн“ покажуваат дека токму поради ова се растуриле 200 семејства.
Всушност, вистинскиот број е веројатно многу поголем, поради тоа што „Диворс Онлајн“ собира статистички податоци само за Велика Британија, додека од играта Fortnite стана зависен скоро целиот свет. Поради тоа, жените од различни региони на светот, веќе создаваат и потпишуваат петиција за нејзина забрана, бидејќи тие сметаат дека оваа игра ги хипнотизира нивните мажи.
Според извештајот на „Диворс Онлајн“, играта Fortnite е наведена како една од причините за развод и составува 5% од сите регистрирани на порталот апликации – тоа е, повеќе од 200 апликации од вкупно 4665.
Вработените во порталот забележуваат дека порано како причина за развод, често укажувале на зависност на еден од партнерите од дрога, алкохол или коцкање, а сега, во ерата на дигиталната револуција, оваа листа е полна со видео игри.
Навистина, ние можеме да се запрашаме, дали видео игрите навистина се виновни за распаѓање на бракот, или пак причините за таквите семејни кризи се потешки и подлабоки, а видео игрите стануваат само изговор за кршење на врската?

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com