Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Иванка Трамп и уште четири примери на успешни естетски хируршки интервенции

0

Наспроти стереотипите, постојат познати личности, кои со изведените естетски интервенции, не се претворени во безживотни пластични кукли. Напротив, овие пластични интервенции, дури им дале благородни и елегантни црти на лицето. Експертите ни раскажаа за успешните пластични операции кои што ги примениле некои познати ѕвезди како Селин Дион и Иванка Трамп.

  1. Иванка Трамп, 36 години

Ќерката на милијардерот и сегашниот претседател на САД – Доналд Трамп изгледа многу симпатично и мило.

„Со помош на реконструктивната операција ринопластика, младата девојка добила идеален женски профил, а ментопластиката (пластика на брадата) која била извршена со поставување на импланти и овозможила да го зголеми обемот на брадата и на крај отстранувањето на масните грутки ја спасило од подуените образи“.

Според мислењето на некои пластични хирурзи,  Иванка Трамп ги потцртала своите јаболчници со користење на липофилирање или корекција на лицето со инјекции кои содржат сопствена маст. Освен тоа, Трамп јавно ги пропагира Ботокс инјекциите и мезотерапија(инјектирање на лекови под кожа).

  1. Џенифер Лопез, 49 години

Иако пејачката и актерката категорично негира дека има правено пластика, многу експерти го мислат спротивното.  Кај талентираната пејачка приметливо и се сменил обликот и формата на носот и многу специјалисти забележуваат транформација на брадата и јаболчниците. Покрај тоа, со возраста брчките на лицето се измазнуваат и исчезнуваат, што не е карактеристично кај другите жени.

  1. Блејк Лајвли, 31 години

Од “грдото пајче” со невпечатлив изглед, ѕвездата на тинејџерската серија „Озборувачка“ и сопругата на Рајан Рејнолдс, се претвори во вистински убав лебед! Според мислењето на многу естетски хирурзи, тоа не би се случило без ринопластика: промена на ширината на ноздрите и врвот на носот, исправање на грбката, а со употреба на филери актерката доби големи и обемни усни и јаболчници. Некои дури забележуваат дека е направена блефаропластика – интервенција на очните капаци и отварање на погледот на Блејк.

  1. Селин Дион, 50 години

Многу експерти се согласуваат, дека Селин Дион не е од тие што би претерале со пластична хирургија. Тие сметаат дека талентираната пејачка подлегна на блефаропластика или пластика на очните капаци и веројатно нејзиниот нос претрпел некои промени. Отсутство на брчките зборува за ботокс и за учество на козметолозите, а зголемените јаболчници за употреба на филери.

  1. Ешли Тисдел, 33 години

Американската актерка и ѕвездата на „Средношколскиот мјузикл“ не го крие фактот дека направила ринопластика. Според мислењето на актерката, таа пред операцијата имала искривена носен септум, кој што и сметал нормално да дише. После операцијата, исто така носот на актерката стана многу поубав и посјаен.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com