Зошто сите сакаат да живеат во Германија?

0

Во прилог ви претставуваме неколку нешта со кои Германците го прават живеењето во нивната држава покомфорно.
Паркирање
Во Германија постојат посебни паркинг места само за жени, за превенција од нападите кои често се случувале во подземните паркинзи. Овие паркинг места се наоѓаат близу до излезите за жените полесно да можат да најдат помош.
Велосипедисти
Германија е земја на велосипедисти. Тие се насекаде. 96% од жителите на Германија имаат свој велосипед. Затоа пред да излезете од својот автомобил, треба да внимавате дека околу вас нема велосипедисти. Исто така, внимавајте да не пешачите на велосипетска патека.
Супермаркет
Нешто што дефинитивно ќе ве воодушеви е дека сите цени се претставени за 1 килограм, 100 грама, и 1 литар, што им овозможува на купувачите да ги споредуваат цените.
Кога купувате шише со вода, обрнете внимание на нејзината цена: цената на шишето е одвоена од цената на водата. Парите ќе ви се вратат ако го вратите ова шише во супермаркет.
Како по правило, сите продавници се затворени во 20 часот и некои центри се затворени дури во 19 часот. Има посебен закон кој ги регулира часовите на сите продавници. Имајте го ова на ум кога планирате вашиот ден.
Кучиња
Ќе видите луѓе со кучиња насекаде во Германија: во подземната железница, во кафулињата, во парковите и на плоштадите.
Сауни
Во Германија мажите и жените одат во сауни заедно и обично не носат костими за капење. Пешкири се користат само за хигиенски цели: за седење. Патем, тука се и заедничките соблекувални.
Германски хумор
Луѓето велат дека доста тешко е да се насмее Германец.

Октоберфест
Октоберфест, еден од најпознатите пивски фестивали, е и најголемиот народен настан во целиот свет. Не многу луѓе знаат дека всушност започнува во септември, па можете да го посетите порано отколку што мислевте.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com